Амбасадорот на ЕУ ја нагласува важноста на ресурсите за ефикасноста на судството

Ефикасно судство не е можно без доволно ресурси, порача евроамбасадорот Михалис Рокас кој потенцираше дека и во буџетот за 2025 не беа овозможени доволно финансии за правосудството – 0,3 посто од БДП, што е далеку од законски предвидените 0,8.

Граѓаните очекуваат независно и ефикасно судство, порача Рокас и посочи на оценката во последниот извештај на Европската комисија (ЕК).

„Судскиот систем на Северна Македонија останува меѓу некое одредено и умерено ниво на подготвка и не бележи напредок. Ова е бирократски термин, но во реалноста оваа проценка ја рефлектира долгорочната загриженост поврзана со политичкото мешање, ограничената финансиска независност, слабостите во владеењето и ограничувањата на човечките ресурси. Овие недостатоци директно влијаат и на независноста и на ефикасноста на судскиот систем“, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас.

Претседателот на Врховниот суд Фидани и претседателот на Судскиот совет Камбовски, исто така, укажаа на недостатокот на средства, судии и обвинители, но и стручни соработници.

Според нив, за да има квалитетна правда, потребна е финансиска независност. Сепак, двајцата ја истакнаа и улогата на судиите во заштитата на независноста.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *