
Еден од денешните сведоци предизвика реакции во судницата во КПУ Идризово за пожарот во „Пулс“. Сведокот од 2012 година работел како шанкер во објектот и тој заедно со уште една негова колешка се спасиле додека останатите седум колеги го изгубиле животот.
Според реакциите, претходно дадениот негов исказ во Обвинителството е контрадикторен и различен од денешното сведочење. Сведокот Дејан Манасиев кој бил на лекување во Штип, Скопје и Австрија, денеска има ниска сатурација и побара отштета но се изјасни дека не се пруклучува кон кривичниот прогон.
„Пожарот се ширеше многу брзо. Но имаше луѓе кои снимаа со телефоните на врата. Изгледа не сфатија дека е сериозно. Направија застој на вратата“.
Родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“, бурно реагираа на исказот на сведокот даден во судницата.
На почетокот на судењето адвокатот на обвинетиот од министерството за економија Шефкет Хазируи, Петре Шилегов потенцираше дека треба да се запре постапката за дел од обвинетите, а ова доаѓа по брифингот одржан во петокот во ОЈОГОКК за обвиненијата во врска со полициските службеници. Судскиот процес продолжува во четврток.