
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ставила потпис на указот за измените на Кривичниот законик и веќе се објавени во Службен весник.
Иако до неа стигна барање од платформата за борба против корупција да не го потпишува Кривичниот законик во ваква форма поради правната несигурност, Сиљановска вели дека ова е транзициско решение до нов КЗ. Toa што и опозицијата дала поддршка била доволна причина да стави потпис.
Забелешки имала на дел од измените, но вели вака се избегнувала опасноста од правен вакум.
За Платформата ваквиот чекор на претседателката е изненадување, но и реприза на случувањата од 2023-та кога беа донесени спорните измени на Кривичниот законик и експресно е ставен потпис. Остануваат на ставот дека овие измени носат ризик од институционална конфузија и уназадување на борбата со високата корупција.