
Во среда, Собранието ги усвои измените во Кривичниот законик.
Поднесувачите на измените од страна на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека се елиминираат идните потенцијални штетни последици од измените на Законот од септември 2023 година, како и дека има подобрување на одредени одредби, што создава усогласување со стандардите на ЕУ и меѓународните стандарди за борба против организираниот криминал и корупцијата.
И покрај забелешките за текстот, СДСМ гласаше „за“.