Документ и извештај за патот кон пристапување кон ЕУ презентирани во Парламентот

Евроамбасадорот во Скопје, Михаил Рокас, оцени дека Северна Македонија има целосна поддршка за членство во Европската Унија и дека во овој период е клучно да се постигне внатрешно обединување околу евроинтегративниот процес.

Според него, широка политичка и општествена согласност – од институциите, опозицијата и граѓанскиот сектор до деловната заедница и младите – е неопходна за да се забрзаат реформите и да се искористи политичкиот момент.

Рокас говореше на презентацијата на истражувањата „Анализа на јавното мислење за пристапување во ЕУ (2014-2025)“ и „Нови глобални неизвесности, стари европски обврски“, одржана во Собранието. Тој посочи дека иако дел од граѓаните го перцепираат надворешниот фактор како пречка за членство, доколку се обезбеди внатрешен консензус, останатите бариери ќе бидат надминати.

Тој посочи дека Европската Унија останува партнер со најголема доверба кај македонското население.

Како позитивен сигнал го издвојува и зголемувањето на поддршката за членство – од 61 на 71 процент во споредба со минатогодишното истражување – како и фактот дека најголема поддршка даваат младите, а етничките и политичките разлики се намалуваат.

Германската амбасадорка Петра Дрекслер нагласи дека е важно да се разбере како се обликува јавното мислење за евроинтеграциите и како се менува во континуитет.

Осврнувајќи се на глобалната геополитичка констелација, таа оцени дека Европа се соочува со сериозни предизвици, но дека интеграцијата на земјите од регионот останува непроменета цел. Според Дрекслер, истражувањето покажува дека кредибилитетот на процесот на пристапување е зајакнат и дека намалувањето на довербата кај граѓаните е сопренo

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *