
Шефот на кабинетот на премиерот Мицкоски, Владимир Нелоски, ги отфрли обвинувањата на СДСМ за „Пирамид Билдинг Солушнс“, „ТРГО СТРОЈ“ и неговиот татко, Јовица Нелоски.
“Нека не поставуваат прашања од СДС, туку нека ги изнесат информациите во потврдна форма за да поднесам соодветна тужбена постапка за клевета пред надлежните органи”, објави Владимир Нелоски.
Според Нелоски, „нечесните“ прес-конференции на СДСМ имаат само за цел да го одвлечат вниманието на јавноста од дезориентираноста и стравот од одговорност на сегашното раководство на партијата.