
Заменик-министерот за образование, Лулзим Алиу, денес преку социјалните мрежи објави дека поднел неотповиклива оставка до премиерот Христијан Мицкоски.
Алиу го сподели писмото на својот Фејсбук профил, наведувајќи дека одлуката е донесена по лична и професионална рефлексија. Тој објасни дека сака да продолжи да придонесува во академската област преку истражување и настава, а воедно да посвети повеќе време на своето семејство.
Алиу изрази благодарност до владата за довербата што му е укажана и посака понатамошен успех во нејзината работа.
Член на коалицијата ВЛЕН и партијата Алтернатив, Алиу им се заблагодари и на сегашниот лидер на партијата Беким Али, како и на поранешните лидери Африм Гаши и Зеќирија Ибрахими, за нивната поддршка.