
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, за Телма изјави дека нацрт-текстот поврзан со Законот за прекршоци, чие усвојување е потребно за системот “Сејф сити” официјално да стапи на сила, ќе биде на дневен ред на Собранието во петок (16 јануари).
Како што објасни во четврток, тој ден имало неформален координативен состанок со неговите колеги од ВЛЕН, Левица и ДУИ, кои изразиле поддршка за усвојувањето, за што е потребно двотретинско мнозинство.
Во врска со забелешките изнесени на лидерската средба на 14 јануари, договорено е тие да се решат во наредниот период.