Судскиот совет ќе го избере наследникот на Зендели на 29 јануари

Изборот за член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението ќе се спроведе на 29 јануари годинава.

Судиите на непосредни избори ќе гласаат за еден од шестмината кандидати: Африм Јакупи (судија на Апелационен суд Гостивар), Садула Иазири (судија на Основен суд Тетово), Улбер Хасани (судија на Основен граѓански суд Скопје), Хасан Асани (судија/претседател на Основен суд Тетово), Џемали Саити (судија на Врховен суд) и Шпреса Граинца Османи (судија на Основен кривичен суд Скопје).

Претседателката на Комисијата за подготовка на кандидатски листи, судијката Данка Ристова, која е член на Судскиот совет, на денешната седница на Советот, информираше дека до Комисијата пристигнале седум пријави, кои биле навремени и комплетни, и сите биле позитивно оцненети, но судијата Неџат Мемети, од Основен суд Куманово со писмен поднесок ја повлекол пријавата.

Изборот е на местот на судијата Ханиф Зендели, од Апелациониот суд Гостивар, чиј шестгодишен мандат истекува.

Изборот е на местот на судијата Ханиф Зендели, од Апелациониот суд Гостивар, чиј шестгодишен мандат истекува. Зендели за член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението беше избран на 22 јануари 2020 година.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *