
2026 година ќе биде година на реформи, изјави премиерот Мицкоски за време на посетата на Гевгелија во четврток.
Како што додаде, годината ќе биде година на големи и крупни чекори во области како што се градежништвото, образованието, енергетиката, економијата и земјоделството.
“Генерално, ќе биде година на реформи. Имаме јасен план, имаме јасна агенда. Често пати тоа, го кажувам, граѓаните, но и бизнесот не треба да се грижат, бидејќи оваа Влада работи според план, динамика и однапред подготвени решенија за сите потенцијални проблеми кои што предходно ги антиципирам”, изјави Мицкоски.