
Во својот говор на церемонијата на отворање на кипарското претседателство со ЕУ, што се одржа во Никозија, претседателот на Европскиот совет, Коста, рече дека следното проширување, кон Украина, Молдавија и Западен Балкан, е клучно за зајакнување на ЕУ како геополитички играч.
„Прво, треба да продолжиме со реформите во земјите-кандидатки. Второ, Европската Унија мора да се подготви за прием на нови членки. Во контекст на тековните мировни преговори во Украина, напредокот во проширувањето е особено итен во следните месеци, со цел да се одрази импресивното темпо на реформите од страна на Украина“, истакна тој.