
Тврдењето на бугарското Министерство за надворешни работи дека „наместо македонски јазик постои достапен јазик“, македонскиот премиер Христијан Мицкоски изјави дека тоа воопшто не го чуди и дека со тоа само се потврдуваат тезите за кои македонската Влада одамна реагира, односно дека внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав не е единственото барање од Софија.
Тој ја повика опозицијата и таа да застане во одбрана на македонскиот идентитет.
“Жалам што претходната влада влезе во една ваква авантура и што комплетно го заглави евроинтеграцискиот процес, жалам што тогаш го прифати ултиматумот од нашиот источен сосед наместо да не послушаа и тогаш”, изјави Мицкоски.
Прашањето на кој јазик треба да биде Планот за правата на заедниците што се очекува од Северна Македонија е внатрешно прашање на соседната земја и не е тема на билатералните односи.
Документот ќе го спроведуваат токму нејзините институции кон сопствените граѓани и логично е дека треба да биде на јазик достапен за нив. Изборот на Скопјe да им го претстави нацртот на овој план на своите граѓани на англиски јазик е тешко да се објасни, особено ако Планот е планиран да се спроведе всушност, стои во реакцијата на бугарското МНР.