
СДСМ и ВМРО продолжуваат да разменуваат обвинувања.
СДСМ во ново соопштение за медиумите повторно вели дека премиерот Мицкоски го копира српскиот претседател Вучиќ, додавајќи дека го разоткриле лидерот на ВМРО.
Од друга страна, владејачката партија истакнува дека комбинацијата од потстандардноста на поранешниот лидер на СДСМ, Заев, и сервилноста на сегашниот лидер Филипче ја води партијата кон сигурно исчезнување и ПАСОКизација.
Комуникологот Бојан Кордалов нагласува дека со реториката преку соопштенијата за медиумите, партиите само создаваат замор кај гласачите без да произведат никакви ефекти. Наместо да им се обраќаат на гласачите кога станува збор за решавање на проблем, партиите си се обраќаат една на друга.