Мицкоски: Нема контакти со Бугарија за отклучување на патот кон ЕУ

Нема контакти со Бугарија ниту директни, ниту посредни преку Брисел или друг меѓународен чинители за откочување на евроинтегративниот пат на Македонија.

Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски.

“Никакви нема. Никакви, а ние стоиме на располагање”, изјави Мицкоски.

За Акцискиот план за малцинствата, документ без кој не може да се отвори првиот кластер од преговорите со ЕУ, за кој Мицкоски вчера информираше дека единствено Бугарија од сите членки имала забелешки на него, денеска кажа што конкретно и пречело на Софија.

“Е сега им сметало што е на македонски јазик. На македонски јазик, во меѓународна употреба, согласно Устав е македонскиот јазик. Јас не можам како претседател на влада, ниту пак министерот, да го крши Уставот. Тоа е основното има и други, но тотално небитни”, рече Мицкоски.

За забелешки од Бугарија за содржината на Документот, Мицкоски со одговор: „Другите се небитни. Еве се ќе прифатиме друго, нормално не внес во Устав, иако тоа не е во Акцискиот план, сите други забелешки ќе ги прифатиме, но јас не можам да се откажам од мојот мајчин македонски јазик“.

Мицкоски притоа појасни дека биле советувани од Брисел, Акцискиот план кој било подготвен со најдборите експерти од Советот на Европа да и го достават на Софија еден ден порано, како знак на добра волја, што тие и го направиле, но оти Бугарија, како што рече, повторно ја испуштила шансата да покаже дека е добар сосед.

Мицкоски притоа изнесе став став дека малцинставата и впишувањето на Бугарите во Уставот не е клучното прашање за Бугарија, туку дека нејзината намера е сосема поинаква.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *