Владата го усвои Законот за јавно обвинителство

Владата на денешната 140. редовна седница го усвои Законот за јавно обвинителство, кој е еден од клучните чекори во реализацијата на реформската агенда во Областа 5 – Фундаментални вредности, со акцент на зајакнување на владеењето на правото.

Со новото законско решение, како што информираат од Владата, се прави значаен исчекор во насока на унапредување на независноста, ефикасноста и отчетноста на јавното обвинителство, како една од најважните институции во правниот систем и чувар на јавниот интерес.

Законот е подготвен по сеопфатен процес на анализи и консултации и е усогласен со европските стандарди и меѓународните добри практики. Една од клучните новини е изменетата постапка за избор на Јавен обвинител на Република Северна Македонија, при што се воведуваат јасни критериуми и механизми за транспарентен, инклузивен и мерит-системски избор.

Законот предвидува и прецизни рокови за постапките за избор и унапредување, како и категоризација на дисциплинската одговорност на јавните обвинители, што, според Владата, ќе придонесе за поголема правна сигурност, предвидливост и функционалност на системот, како и за зголемена одговорност во работењето на обвинителството.

Од Владата порачуваат дека остануваат целосно посветени на реформите во правосудството.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *