
Собранието го распиша огласот за избор на нов државен јавен обвинител. Во следните 15 дена право да се пријават ќе имаат обвинители или судии кривичари со најмалку 10-годишен стаж.
За сите пријавени кандидати Владата потоа ќе треба да побара мислење од Советот на јавни обвинители, кој има рок од максимум 30 дена да даде позитивна или негативна оценка за пријавените.
Владата има право да предложи кандидат само од оние кои добиле позитивно мислење, додека пак ако сите кандидати добијат негативна оценка, Собранието ќе треба да распише нов оглас. Последниот збор ќе го имаат 61 пратеник, а новиот обвинител ќе има мандат од 6 години со право на повторно именување.