Активна работа на домашните задачи за напредокот на патот кон ЕУ, вели премиерот

Македонија активно работи на домашната задача за напредок кон ЕУ. Мицкоски потенцираше дека жестоко се влегува во процесот на реформи, кои изминатиов период не можел интензивно да се испорача поради локалните избори.

Мицкоски ги спомена законот за судски совет и новиот кривичен законик, кои веќе се во собраниска процедура.

“Во еден разговор неформален со претседателката Фон Дер Лајен се договоривме веднаш после завршувањето на божиќните празници, како што и ветив најмалку осум од 12, а може и 10 од 12 чекори да бидат веќе завршени и со тоа ние домашната задача да ја завршиме, да го комплетираме нашето досие и да го доставиме тука. Потоа е на земјите членки на ЕУ, дали ќе толерираат билатерализација и практично нарушување на кредибилитетот на пристапниот процес или ќе ги мерат кандидатите според испораката”, изјави Мицкоски.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *