
Пратениците ќе трагаат по политичка одговорност за трагедијата во Кочани – но дали во проширен формат, сѐ уште не е дефинирано. Собранискиот спикер Африм Гаши на денешниот брифинг кажа дека побарал да има само една Анкетна комисија, но остава простор партиите да се договорат меѓусебно.
Иницијативите на власта и на опозицијата за Анкетна комисија утре се на пленарна седница – и на нив е да се договорат дали ќе ги спојат во една.
Според спикерот, се појавила дилема дали Анкетната комисија може да има последици врз судскиот процес кој веќе е во тек, но пратениците аргументирале – ќе се бара само евентуалната политичка одговорност, а потоа ќе има и реперкусии ако се констатира дека некој активен политичар влијаел на трагедијата.