Жељазков вели дека Бугарија инсистира на почитување на договорените услови

„Бугарскиот парламент не поставува различни услови, но ние инсистираме на почитување на договорените предуслови за Република Северна Македонија да започне преговори за членство во Европската Унија“, изјавил премиерот на нашиот источен сосед, Росен Жељазков во емисијата „Недела 150“ на БНР, како одговор на прашањето дали Бугарија би направила гест со повлекување на барањето и условот Бугарите да бидат вклучени во Уставот на Македонија.

На прашањето дали е можен дополнителен билатерален протокол меѓу Бугарија и Македонија, кој некако би дал гаранции на Скопјe дека нема да има повеќе пречки на европскиот пат, претседателот на Бугарската влада кажал дека не може да има поголема гаранција од едногласната одлука на Бугарското Народно Собрание.

“На колегите од Скопјe треба да им биде јасно дека стоиме зад овој став, бидејќи е принципиелен. Нема да менуваме ништо во однос на претворање во билатерален спор, ниту во барање невидливи влијанија и интеракции со главните политички играчи низ целиот свет”, потенцирал Жељазков.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *