
Ако сакаат независен судски буџет, ќе го добијат, одговори првиот човек во Владата. Но, ги потсети дека за секој потрошен денар ќе треба да дадат отчет пред граѓаните.
Повеќе пари побара и државниот обвинител Коцевски. Смета дека со предложениот буџет за идната година не може да подмират трошоците за водење на ефикасни истраги. Обвинителството во моментов работи со 360 обвинители. За да биде ефикасно, потребно е да има уште два пати по толку.
Јавните коментари за работата на судовите ја надминува границата на аргументирана критика и преминува во паушални напади – му одговорија судиите на премиерот Мицкоски кој ги оцени како неажурни, со низок рејтинг и им порача дека ќе останат без зголемени плати.
Повикувајќи се на извештајот од Европската комисија, Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судиите, велат – најголем проблем е независноста на судството.