Мицкоски повторно вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има голема победа на локалните избори

До крајот на месецов Мицкоски пред највисоките партиски органи ќе предложи листа со десетици имиња за идни градоначалници на локалните избори.

Предлозите, како што кажа, ќе ги даде на седница на Извршниот комитет следната среда, на 28 мај, а ако добијат зелено светло ќе одат на Централен комитет за да се одобри нивната кандидатура. Мицкоски е уверен во голема победа на локалните наспроти опозицијата, а по редовниот партиски конгрес до крајот на годината најави и структурни промени и во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата.

До крајот на месецов ќе бидат познати и првите кандидадти за градоначалници и од опозицискиот СДСМ, најави партискиот лидер Венко Филипче. Но, тој не се согласува со прогнозите на Мицкоски и очекува граѓаните да ја казнат власта, за како што смета, лошото владеење.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *