Од попладнево сите граѓани ќе може да добијат сервисни услуги на сите свои барања и потреби во подрачените единици на Фондот за здравство (ФЗО) и ниту еден нема да биде вратен, како што беше сликата овие три дена.
Синдикатот го стави штрајкот во мирување, откако Владата попушти и на вчерашната седница одлучи да препорача да нема намалување на платите за 21 отсто во однос на исплатената декемвриска, а тоа го потврди Управниот одбор.
Платата на вработените во Фондот останува иста, односно вредноста на бодот од 77 денари нема да се менува до 31 мај годинава. Очекувањата на Синдикатот се дека и по 31 мај и ребалансот на Буџетот нема да има промена во висината на платите. Од УПОЗ се заблагодарија на разбирањето на граѓаните за време на тридневниот штрајк.