Судиите изразуваат грижи за судскиот систем: Критики за измени и законот за амнестија

Неодамнешните измени на Кривичниот Законик и Предлог законот за амнестија којшто во четврток ќе се најде пред пратениците претставуваат упад во судскиот систем.

Ова е ставот на судиите коишто посочуваат дека извршната власт реагира поради застарување на предметите, а од друга страна предлага закони без да се анализираат последиците.

„Прашањето е дали има соодветна анализа колкав е бројот на лицата коишто ќе добијат амнестија и дали амнестијата како политичка одлука за отпуштање на дел од осуденичката популација ќе биде соодветна за сметка на она што ние во судството го имаме-судскиот институт,тоа е уставниот отпуст“, изјави Лазар Нанев – судија.

„Судството е на удар на критики, а имаме состојба каде законодавниот дом, односно извршната власт донесе закони коишто автоматски се одразија како последица на застарувањето на добар дел на предметите, познати случаи во јавноста“, изјави Сашко Георгиев – претседател на Судскиот совет.

Од Министерството за правда, велат дека покрај амнестија има и други начини да се намали бројот на осудениците во затворите.

„Многу пати имам кажано дека постојат и други алтернативни мерки. Дека не мора со Законот за амнестија да се испразнат, тоа може да биде и условен отпуст“, рече Викторија Аврамовска Мадиќ – заменик министер за правда.

Во Охрид во тек е Вториот самит за глобална дигитализација за правосудство, на кој клучна тема е „Иднината на поврзувањето на Националната платформа за размена на податоци“.

Со дигитализацијата на судството како што велат експертите, ќе се зголеми соработката помеѓу институциите, но и ефикасноста на судските постапки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*