Испорачувањето на реформите коишто ќе ги бара Развојниот план на ЕУ за Западен Балкан не е поврзано со пристапните преговори, рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во вечерашната Топ Тема на Телма.
“Тој список на реформи што треба да ги напрвиме, тој реформи план не е врзан формално ниту, да речам конкретно со преговорите, ниту со реформите што ни ги бараат редовно секоја година. Иако, фактички, ќе мора да се земат и дел од тие мерки и во овој деч. На што ќе се фокусираат реформите? На реформи во економскиот систем, реформи во финансиксата контрола и фискалната политика и реформи во делот врзан за темелни вредности. Сакам да кажам дека ќе удрат фокус на реформи на финсиските и економските капацитети на државите, но и јакнењето на инсититуциите. Тоа ни беше јасно соопштено”, рече Маричиќ.
Ова е план во кој што нема да се чекаат оние што не сакаат да учествуваат, додаде вицепремиерот, посочувајќи дека искуствата од иницијативите како Берлинскиот процес и Отворен Балкан покажале дека секогаш има одредени држави коишто се порезервирани за вакви формати на регионална соработка.
“Тие што не сакаат нема да земат учество, останатите тоа нема да ги спречува да продолжат со оваа програма, со овој план за раст. Второ, она што е важно е дека реформите и не само областите во коишто ќе мораме да испорачаме реформи, туку и конкретните мерки, ќе се договараат во наредниот период и очекуваме да бидат заклучени пред крајот на годината”, додаде Маричиќ.
Маричиќ рече дека очекуваат првата евалуација да биде до крајот на март а веќе на почетокот на април да се сличи и првиот трансфер на средства од овој план.
“Тоа е намерата на ЕК и тоа е динамиката којашто ние ќе ја правиме”, рече Маричиќ.