Северна Македонија рангирана 67 место од 142 држави во Индексот за владеење на правото

Северна Македонија е рангирана на 67 место меѓу 142 држави на најновата глобална листа според Индексот за владеење на правото на Светскиот проект за правда, објавена денеска, со оценка од 0,53 поени, иста како и во претходните три години.

Според критериумот ограничување на моќта на властите, земјава е на 97 место со оценка 0,47, според отсуството на корупција на 75-то со индекс 0,45, според транспарентност на Владата на 70-то со оценка 0,50, а според основните права на 56-та позиција со оценка 0,60.

Кога станува збор за критериумот ред и безбедност, Северна Македонија на 43-то место со оценка 0,80, според спроведување на регулативи на 94-та позиција со 0,46, според граѓанска правда на 75 место со индекс 0,52 и според кривична правда на 72-то со 0,44 поени.

Во однос на минатата година, иако има иста оценка, земјава е рангирана четири места подолу и сега е на ниво со Монголија, Казахстан, Индонезија и Молдавија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*