Премиерот Ковачевски ја предаде одлуката за датумот на изборите на парламентот

Премиерот Ковачевски вели дека разговорите за одржување на изборите треба да бидат свикани од парламентот. Тој овој пат посочува дека партиите се тие кои ќе го договорат датумот за претседателските и парламентарните избори.

За терминот на одржување на редовните претседателски избори, како и за редовните парламентарни избори треба да бидат предмет на дискусија меѓу сите партии, изјави премиерот Ковачевски потенцирајќи ги законските рокови кои мора да се почитуваат.

Избори ќе има, тие ќе бидат редовни, а кога ќе биде договорено кога ќе бидат и кога ќе бидат усогласени сите ставови, тогаш може да биде информирана и јавноста. До тогаш сè е на ниво на желби, на ниво на шпекулации, а јас никогаш не комуницирам ни на ниво на желби, ни на ниво на шпекулација, рече Ковачевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*