Бивши заменици министри за здравство негираат одговорност во Онкологија скандалот

Илир Хасани како заменик министер немал соработка со Венко Филипче а неговиот наследник Владимир Рендевски незнаел зошто Беким Сали го разреши Нино Васев од директор на Онкологија.

Двајцата поранешни здравствени функционери за скандалот слушнале од медиумите а на бројни прашања од пратениците во Анкетната комисија не дадоа конкретни одговори бидејќи или немале увид во документација или не биле дел од блискиот кабинентски тим.

“Ревизорскиот извештај за онкологија го прочитав постфестум. Aко ме прашувате лично е многу лош”, вели Илир Хасани, поранешен заменик министер за здравство.

– За Като системот немав слушнато, знам дека е за контрола на терапија и секако лошо е ако го имаме а не функционира, вели Владимир Рендевски, поранешен заменик министер за здравство Актуелната заменик министерка за здравство чека потврда дека имало злоупотреби и не планира да поднесе оставка за случај што не е во нејзино време.

-Дали чуствувате одговорност што во ваше време е најголемиот скандал во здравството?

“Кажав дека имало наводна злоупотреба, бидејќи се уште немаме никаква информација за злоупотреби на клиниката за онкологија и она што се сега го дискутираме е на ниво на шпекулации сепак мислам така додека немаме конретни дела”, вели Маја Манолева, заменик министер за здравство.

Тодоров повика сегашните јавни наводи за злоупотреби итно да се разрешат без одолговлекување и да се утврдат мотивите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*