Тешки повреди по ново пукање кон Раде Трајковски – Штекли во Ист Гејт

Две лица се повредени во денешното пукање во Ист Гејт. Неофицијално, повторно било пукано кон Раде Трајковски – Штекли. Непотврдените информации се дека Трајковски е тешко повреден и се наоѓа во животна опасност.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека полициски екипи се упатени во молот и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ова е втор вооружен инцидент во шопинг центарот за два месеци.

На 25 август годинава, имаше пукање во гаражите во молот. Тогаш беше пукано кон Раде Трајковски – Штекли, поранешен затвореник, но тој не беше погоден, оти возилото со кое се превезувал било блиндирано.

Заврши операцијата на повредениот пријател на Раде Трајковски Штекли, кој беше потешко повреден во пукањето во трговскиот центар Ист Гејт. Информацијата за А1он ја потврди директорот на болницата „Св. Наум Охридски“, Љубен Арсенков.

Иако засега е стабилен, тој е ставен на машина која му помага во дишењето.

„Пред малку заврши интервенцијата. Има сериозни повреди во стомакот и градниот кош, засега е стабилен, но е на машина“, вели Арсенков за А1он.

Штекли пак е пренесен на Клиниката за торакална хирургија на понатамошно лекување. И тој е тешко повреден, но е во полесна состојба од неговиот пријател.

Трговскиот центар Ист Гејт Мол по обезбедување на сите потребни безбедносни мерки продолжува со нормална работа по инцидентот со огнено оружје што се случи денеска во 15:00 часот, информираат од трговскиот центар.

„Се работи за изолиран инцидент, лоциран на подземните нивоа во трговскиот центар. Надлежните служби вршат увид во моментов на местото на настанот, но трговскиот центар продолжува со утврдениот нормален режим на работа до 22:00 часот“, соопштија од трговскиот центар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*