Пет македонски државјани чекаат евакуација од Појасот Газа

Вкупно пет македонски државјани чекаат да бидат евакуирани од Појасот Газа. Станува збор еден брачен пар и за татко со две деца, чија жена е Палестинка, а нивната евакуација ќе зависи од одлуката на Египет да ја подигне рампата на границата со Газа.

Ваквите информации на седница на собраниската комисија за надворешна политика ги изнесе новоименуванот амбасадор во Тел Авив, Шпенд Садики, кој најави дека Македонија ќе ја продолжи поддршката на Израел.

Освен Садики, уште шест новоименувани амабсадори ги претставија своите тези и приоритетт пред собраниската Комисија за надворешни работи.

По цели седум години Сашко Насев ќе биде нов мабсадор во Пекинг, во Бразил заминува дипломатот од кариера Игор Попов, во Варшава Јасмин Ќахил, во Берлин Илибер Села, а по неколку перипетии Андреј Жерновски замина за амбасадор во Букурешт.

Македонија по 6 години нов амбасадор ќе има и во Белград, претставена од екс-министерот за правда, професорот Никола Тупанчевски.

Освен овие седум амбасади, шефот на диполматија Османи најави дека наскоро ќе се пополнат и испразнетите амбасадорски места во Прага каде ќе замине Емил Крстевски, во Лондон Катерина Ставревска, а во Стокхолм ќе отпатува Џенк Сејфула.

Османи тврди поголемиот дел од новоименуваните амбасадори се кариерни дипломати, а останатите, како што вели, биле истакнати личности од политичко-општествениот живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*