Портал ИРЛ осуден за клевета по тужба од Кочо Анѓушев

Порталот ИРЛ е осуден за клевета по тужба од познатиот бизнисмен и поранешен вицепремиер за економија Кочо Анѓушев и компанијата Брако.

Основниот суд Скопје 2 го осуди порталот ИРЛ дека го наклеветил бизнисменот Кочо Анѓушев во емисија објавена на јавниот сервис, без притоа да му даде шанса да одговори или да му испрати прашања.

Пресудата во случајот Кочо Анѓушев против ИРЛ подоцна пред судот ја коментираше уредничката Сашка Цветковска која рече дека станува збор за скандалозна одлука.

„Одлуката беше скандалозна и судијката која своевремено го заштитуваше Сашо Мијалков сега влезе повторно во заштита на Кочо Анѓушев. Како што и самата ја образложи пресудата: приватното право, правото на бизнисот и на приватниот интерес биле посилни од слободата на говорот. Тоа е сè што има да се каже за оваа скандалозна пресуда. Првата пресуда против Мијалков оваа судијка ја изгуби во Стразбур, колегите од ’Фокус’ го добија случајот, а истата постапка ќе ја тераме и ние“, рече Цветковска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*