Дискриминацијата како проблем во Македонија и претприемање на акции

“Дискриминацијата е најболното прашање со кое може да се соочи еден граѓанин. Фактот дека и натаму сведочиме на различни видови на дискриминација говори дека не се вложува доволно за надминување на овој проблем”, смета Васка Бајрамовска Мустафа, државна советничка на Народниот правобранител.

Народниот правобранител уште во 2011 година потсети за потребата од анализа, што е тоа што доведува до сегрегација во образованието и чувството на нееднаквост, зошто и денес се соочуваме со дискриминација во различни сфери.

„Во областа на заштита од дискриминација изнаоѓа повреди и незадоволство на граѓаните во сите сфери во кои постапува, но најизразено во пристап до работносто место, чувството на нееднаквост или вознемирување, мобинг на работното место. Не помалку важно е генералните појави кои за жал сè уште се присутни како што се сегрегацијата во некои училишта, постоење на чисто ромски училишта или паралелки за кои Европскиот суд крајот на минатата година донесе и пресуда против државата“, изјави Васка Бајрамовска- Мустафа, државна советничка на Народниот правобранител.

Според Бајрамовска Мустафа, пристапот до правата за социјална заштита и остварувањето на правата на лицата со попреченост во образованието е нешто на кое и понатаму треба да се работи.

Важно е да се подигне свеста за човековите слободи и права, за еднаквоста, практични услови за имплементација на законот, важноста на мултисекторската соработка, вклучување на заедниците кои се сè уште на маргините.

„Во оваа земја активни се 18 агенции на Обединетите нации кои опфаќаат полиња кои се сеопфатни како што се вработувањето социјалните услуги, доброто управување итн. Во сите овие области се соочуваме со проблеми на дискриминација, а во основата на дискриминацијата лежат лажните вести“, изјави Росана Дуџак, постојана координаторка на ОН во Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*