ВМРО-ДПМНЕ во средба со премиерот на Унгарија Виктор Орбан

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски во Будимпешта остварил средба со претседателот на партијата ФИДЕШ и премиер на Унгарија, Виктор Орбан.

Како што соопштија од ВМРО – ДПМНЕ, на средбата биле констатирани одличните и пријателски односи меѓу двете партии, и станало збор за реализација на стратешките цели на Македонија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се заблагодари на поддршката од Унгарија на Македонија посочувајќи дека тоа е доказ за вистинско пријателство, изразувајќи надеж дека таа поддршка ќе продолжи имајќи го во предвид фактот дека Унгарија наредната година го презема претседателствувањето со Европската Унија, соопштија од ВМРО – ДПМНЕ.

На средбата бил направен пресек на соработката и работата на двете партии во насока на размена на искуствата што се користат при изработка на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за наредните избори.

Воедно било разговарано за идни проекти и планови за развој, кои, се наведува во соопштението, би се реализирале веднаш по промената на власта во Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*