Мицкоски: Потребно е да ги почитуваме минатите цели и идеи

Не може да создадеме иднина ако не го почитуваме минато, целите и идеите на организацијата се живи и мора да ги исполниме преку подобар стандард и реформиран систем – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на партискиот настан за Денот на македонската револуционерна борба.

Мицкоски посочи дека состојбата во државата е алармантна, се осврна на владеењето на правото, критикувајќи ја сегашната влада, која според него, спровела широк политички прогон. Тие луѓе не бараат амнестија, туку правда, рече Мицкоски.

Судиите од тефтерчињата станаа нивни слуги, но само треба да знаат, гледајќи ја нивната лукавост, дека нема во новата влада на доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ да најдат нова прегратка, туку и тие ќе се соочат со правда.

Може криво да седат, ама требале право да судат. Срамот и вината за секоја неправда е на оваа власт. И затоа важно е да се бориме за неселективна правда, за вистинска правда која ќе биде за секого.

Претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тие се заштитник на македонските национални интереси.

Мицкоски рече дека мора да има отпор против туѓите пропаганди кои се актуелни и денес, критикувајќи ја власта дека молчи за обидите за приграбување на она што е наше.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*