Цвеќиња на повеќе локации по повод 23ти Октомври

Државниот врв со честитки по повод празникот. Претседателот Пендаровски со порака да ги надминеме поделбите и да ја продолжиме борбата против корупцијата, непотизмот и криминалот во државата.

„Како што борбата на револуционерната генерација беше за слободна и праведна држава, така, нашата борба денес мора да биде против корупцијата, непотизмот и криминалот што раѓаат недоверба, социјална неправда и масовно иселување на младите.

Шефот на државава наведува дека мора да ги надминеме поделбите и да се обединиме околу заедничката цел – демократска и функционална правна држава со еднакви можности за достоинствен живот и напредок на секој нејзин граѓанин“, пишува во честитката на шефот на државата.

Собранискиот спикер Талат Џафери пак посочува – револуцијата е раскрсница помеѓу иднината и минатото.

„Споменот на старите битки кои не довеле до тоа што сме сега, да биде потсетник и наш учител за новите секојдневни битки кои ги водиме во животот, заедно, сплотени и единствени како граѓани на современа, демократска, напредна и безбедна држава“, стои во честитката на собранискиот спикер.

Премиерот Ковачевски во празничната порака до граѓаните вели во вековниот идеал за независност е денешен мотив, од Македонија да создадеме европска и напредна држава.

„Континуитетот на борбата за слобода и придонесот на револуционерите во реализирањето на вековниот идеал за независна македонска држава е денешен мотив, од Република Северна Македонија да создадеме европска и напредна држава. Обединети, храбро и со забрзан чекор да продолжиме по европскиот пат и да обезбедиме прогресивна иднина за нашите деца“, пишува премиерот Ковачевски.

По повод празникот, цвеќиња на повеќе локации, вклучително и кај Гоце Делчев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*