Меџити: Никогаш не имав лидерски амбиции во ДУИ

Во интервју за Фокус, лидерот на Демократското движење Изет Меџити во однос на ДУИ вели дека ја платил цената за критиките на неговата поранешна партија.

“Не бевме разрешени туку избркани. Дојдовме до точка да си одиме дома или да ја продолжиме битката и тука се 99 отсто од луѓето на тие митинзи и јавни настапи. На тие што се вратија ќе им се заблагодарам за придонесот”, изјави Меџити.

Меџити вели дека никогаш немал лидерски амбиции.

“Да имав таква желба, ќе го искажев тоа, немаше да го кријам 20 години додека бев во ДУИ. Напротив, никогаш не сум претендирал за ова”, вели Меџити, додавајќи дека причината што се работи на здружување на опозицијата од блокот на етничките Албанци покажува дека да се биде лидер не е сè.

Меџити вели дека не ја поддржува иницијативата Отворен Балкан.

“Не знам што ги држи во тоа, но ние сме за Берлинскиот процес, што не го гледа Косово како проблем, туку тие што се проблем, односно краците од октоподот на Путин”, вели Меџити.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*