Меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата во Македонија

Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања кој ја влече државата назад. Од СДСМ велат македонската борба е за интеграција и подобар животен стандард, ВМРО-ДПМНЕ предупреди на загрозување на идентитетот.

„Лажниот патриотизам носи изолација на земјата, неизвесност, економска стагнација, празни џебови и празни фрижидери за граѓаните. Лажниот патриотизам и блокадата на европскиот пат води до нов егзодус и иселување на младите, до загрозување на македонскиот идентитет. Затоа, антиевропската агенда е антимакедонска. Тоа е прескапа цена која граѓаните може да ја платат“, изјави Каевски, од СДСМ.

„Во овие времиња се бориме да се зачува македонскиот национален идентитет, прашање кое е отворено од некои други луѓе но сепак нашата е обврската да не дозволиме истиот да биде изгубен. На сите граѓани на Република Македонија би им порачала да не се грижат, сè додека постои ВМРО – ДПМНЕ како партија којашто ја продолжува идејата за независна и слободна Македонија, Македонците ќе бидат на свои и како Македонци ќе постоиме и ќе опстоиме“, изјави Дафина Стојановска, од ВМРО-ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*