Надлежните без конкретни активности, а еко- активистите бараат итна истрага за потеклото на оловниот отпад од преработени акумулаторски батерии, нелегално складиран на приватен имот во близина на реката Лепенец, на патот кон селото Орман.
Од О2 Иницијативата велат дека често до нив доаѓаат информации дека на тој потег се одложува опасен отпад и прашуваат зошто до сега надлежните не реагирале, имајќи предвид дека тој влијае врз животната средина и врз здравјето на луѓето.
Министерката за животна средина најавува постапка за утврдување на законитоста на складирањето, но допрва.
“Министерството за животна средина и државниот инспекторат за животна средина се информирани за случајот и ќе се спроведе постапка за утврдување на законитоста за складирање или евентуален третман на овој вид отпад”, вели министерката за животна средина Каја Шукова.
Повеќе информации за случајот Шукова најави за во текот на работната седмица.