“Она што како фела го анализираме е дека требало да се внимава на тајмингот кога тие измени требало да се одлучат. Дали е вистинскиот тајминг, не знам. Меѓутоа тајмингот за многу работи е важен, во спротивно може да бидат контрапродуктивни, изјави претседателот на Основен кривичен суд”, Иван Џолев, во врска со измените на Кривичниот законик.
На денешниот брифинг со новинари, Џолев посочи дека имало многу застарени предмети кои беа во финална фаза.
“Aко станува збор за усогласување со ЕУ, тогаш многу е битен тајмингот. Во случајов имаше многу застарени предмети кои беа во финална фаза, дали требаше да се почека, не знам”, рече тој.
Дополнуваат дека за ниту еден предмет нема мериторна одлука, туку се враќани на повторно судење и апелираат да се престане да се вперува прстот во судството за тоа што некои од предметите се застарени, бидејќи, според нив, причината не е судството.
Формирањето собраниска Анкетна комисија за случајот Онкологија во време кога има активна истрага е нешто недозволиво. Тоа е нормално доколку истрагата е затворена, доколку е поминат поголем временски период, меѓутоа во време на активна истрага тоа е опструкција, смета претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев.
Според Џолев, се контаминира истражниот процес, а нема никаква реакција за тоа.