Запира истражната постапка против седумте осомничени во процесот познат како „Делчевски ниви“, против кои ЈО при ОЈО Скопје имаше спроведено постапка за кривично дело „измама во службата“.
По анализа на кривичната пријава, исказите на сведоците, исказите на осомничените како и сите обезбедени материјални докази во текот на истражната постапка, се констатира дека од конкретната истражна постапка не прозилегуваат ниту материјални ниту вербални докази кои би го потврдиле основното сомнение дека делата кои им се ставаат на товар на осомничените се кривични дела за кои се гони по службена должност, стои меѓудругото во наредбата за запирање на истражната постапка издадена од Основното јавно обвинителство – Скопје.
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје тврди дека немало друг избор освен да ја прекине постапката и да ја затвори истрагата.
Станува збор за земјиште во Делчевско што го купила „ЕВН електрани“ 40 пати поскапо од пазарната вредност. Лицата што и ги продале нивите на компанијата ги добиле на подарок неколку недели претходно.