Судска одлука: Шестмина обвинети во “Топлик” ќе бидат ослободени поради застарување

Три дена пред да се заокружат точно седум години откако беше отворена истрагата за предметот „Топлик“, Апелациониот суд во Скопје ја укина пресудата, со што дозволи предметот за Сончев град да добие апсолутна застареност.

Добивај вести на вибер Со одлуката на Апелација, шестмината кои добија осудителна пресуда во „Топлик“, на повторено судење ќе бидат ослободени од прогон, бидејќи согласно новиот Кривичен законик, како на првообвинетиот екс министер за транспорт, Миле Јанакиески, така и на другите петмина обвинети, делата им застареа во февруари годинава.

На новото судење, единствено што може да се направи е да се констатира апсолутна застареност на предметот во кој според обвинението, бил оштетен државниот буџет во висина од 1 милион и 44.000 евра.

Оваа одлука на Апелација пак, е донесена на 6 септември, на истиот датум кога во Собранието беа донесени измените на Кривичниот законик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*