Прашан за коментар за застарувањето на делото од предметот „Таргет тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство, евроамбасадорот рече дека не може да коментира, но оти ставот на Европската комисија во однос на измените на Кривичниот законик не е сменет.
Потсети дека ЕК претходно изрази длабока загриженост во врска со импликациите што ги има принципот на неказнивост поради измените на Кривичниот законик, како и употребата на европското знаменце при нивното носење.
“Мислам дека ставот на ЕК е многу јасен. Нејзиниот став не е сменет. Се разбира, од наша страна ние можеме да кажеме само дека одблиску ги следиме сите случувања коишто се поврзани со судството, се разбира и сите измени или последици коишто произлегуваат од измените на Кривичниот законик. Ќе излеземе со нови оценки, со нови коментари во врска со понатамошни можни идни развои на ситуацијата”, изјави Гир.
Премиерот Ковачевски тврди дека измените на Крвичниот законик се поради усогласување со европското законодавство, а не поради одредени случаи во Македонија, кои како што вели, се наоѓале во постапка и по 10 години.
Според него, одговори за застарувањето треба да се бараат од оние што го воделе случајот, а не во измените на Кривичниот законик.