Намалување на функционерските плати во Македонија до крајот на месецот

За колку ќе се намалат функционерките плати кои во април се зголемија за речиси 80 отсто, ќе се знае до крајот на месецов.

Вчера на владина седница министрите одлучија без премиерот кој беше на самит во Тирана, да не носат одлука како да се скратат овие примања. Денеска пак премиерот Ковачевски рече, решение е можно за недела – две, без да споменува проценти за колку би било намалувањето.

Но, зошто до сега не се направи тоа Ковачевски тврди – не сакал да брза со решението за повторно да не падне на Уставен суд.

“Не зборуваме за плати кои се однесуваат само на 20 министри, кои ќе донесат одлука и потоа ќе отиде решението кое не е усогласено со никој, а ќе влезе во собраниска процедура и дури и да се донесе решение кое не е издржано ќе заврши на уставен суд за кое, повторувам, имаше два пати такви решенија. Министрите работат на тоа”, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Според, информациите во игра се повеќе варијанти. Но, она што за сега се знае е дека заштедените пари ќе биле искористени за анти- кризни мерки кои одамна се најавија, но се уште не се знае кога ќе биде донесен овој пакет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*