Судската администрација протестира за подобрување на условите и платите

Покачување на платите како на функционерите и враќање на додатоците од 35 отсто. Судската администрација и денеска на предупредувачки протест.

Доколку се нема слух за нивните барања велат ќе го блокираат целиот судски систем. Тоа пак ќе значи одложување на голем број постапки и рочишта што ќе ја чини државата скапо.

Денеска инсистираат и на средба со премиерот лично да му ги соопштат нивните барања. Реагираат дека соодносот на платите помеѓу судски службеник и судија е 1:6.

Протестот почна во 12 часот пред кривичен од каде администратувците се упатуваат пред Влада за каде е закажано обраќање но и повик до премиерот да ги прими на средба.

Вработените во судовите и во обвинителствата не се задоволни од „брзината“ со која „работи“ работната група која треба да ги реши нивните проблеми, за чие формирање Владата донесе одлука на 3 октомври, а до сега таа сè уште ниту еднаш не се состанала.

Од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани очекуваат првиот состанок да се случи во текот на оваа недела и решението за зголемени плати и додатоци да се најде брзо, во спротивно ќе се радикализираат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*