Амнестијата е нужна, затворите се пренатрупани, но страдаат уставното и кривичното право, бидејќи Собранието навлегува во судската власт – дециден е професорот по уставно право Светомир Шкариќ.
Долгите судски постапки, меѓу кои има некои што траеле по 10 години, сега ќе паднат во вода. Вели, со вакви закони се уништува судството. работа место да бидат ослободени, но за тоа треба да се променат постојните закони.
Дека затворите во земјава се под меѓународните стандарди – согласен е и академик Владо Камбовски, но вели Парламентот треба да носи Закон за амнестија само кога има оправдани причини.
“Причините може да бидат различни – да се поправат одредени неправедни ситуации, кога е донесен некој поблаг закон, затворите да се релаксираат ако нема соодветни услови, па дури и политички причини, во случајов Собранието даде аргументи, а главниот е пренатрупаноста на затворите.
Само околу 1.500 кај нас се осудуваат на казна затвор, додека за околу 3.500 казните затвор се условни“, изјави Владо Камбовски, академик.
Поранешната судијка во Судот во Стразбур Маргарита Цаца-Николовска не е сигурна дека со амнестијата ќе се надминат проблемите со македонските затвори.
Според неа, нејасно е кои кривични дела ќе бидат опфатени во законот, побара место политичка, за проблемите да има стручна дискусија.