Промена на Законот за плати: Битиќи најавува додатни средства за борба против кризата

Вицепремиерот Битиќи најави законско решение со кое ќе се изврши корекција на Законот за плати за избрани и именувани лица со цел како што рече носење поправедно решение со кое би се ослободиле средства кои ќе бидат наменети за антикризни мерки за најранливите катерогии.

Ваквата одлука дошла откако Владата донела одлука со која се задолжени четири министри да оформат нови антикризни мерки.

Битиќи во гостување на 24 Вести рече дека со пренамената на буџетот ќе има нови околу 70 милиони евра за нови антикризни мерки и дека за неколку дена пред јавноста ќе биде презентиран новиот пакет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*