Откако во парламентот вчера неофицијално искалкулираа дека 8 мај е оптимален датум за одржување на заеднички избори – претседателски, и редовни, но рани парламентатарни избори, денеска опозицискиот лидер Мицкоски потврди дека тоа е прифатлива опција за ВМРО-ДПМНЕ.
Тој предупредува и дека веќе државата е во уставна криза околу изборите бидејки во составот на ДИК недостасува член, што треба да го предложи албанската опозиција откако Алијанса на Таравари стана власт.
Како што објавивме 5 мај, иако влегуваше во калкулациите на собранискиот спикер Џафери како единствен рок за заеднички избори, веројатно е овој датум да биде поместен за 3 дена бидејќи се поклопува со Велигден.