Бурна комисиска расправа: Екс-министер Филипче го изнесе своето мнение за КАТО-системот на Онкологија

Поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, не знаел за КАТО-системот на Онкологија кој со години стои неупотребуван на Клиниката.

За време на неговиот мандат немало пропусти во работата на Клиниката. Ова и други поенти ги изнесе екс-министерот пред пратениците.

Поранешниот директор на Онкологија, Васев, е врвен професионалец смета Филипче. Но, ги повикува институциите да ги истражат сите сомнежи за неговото работење.

На моменти, комисиската расправа се водеше на повисок тон, а претседателката Рашела Мизрахи не пропушти да изнесе бројни тези за нефункционалниот здравствен систем и уделот на поранешниот министер во сето тоа.

По поранешниот министер Филипче, на Комисијата се појави и актуелниот министер Фатмир Меџити кој најави ставање на КАТО-системот во употреба, за што веќе има и финансиски анализи.

Претходно Комисијата за финансирање и буџет го разгледа ревизорскиот извештај и донесе повеќе заклучоци меѓу кои одговорните на Онкологија да ги спроведат препораките од извештајот и да изготват протоколи за приклучување на пациенти на биолошка терапија, но и да спроведат попис на лековите и медицинските препарати согласно правилникот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*