Пратенички прашања со барањаза утврдување на одговорност и одговори од државниот ревизор Максим Ацевски околу наводите во ревизорскиот извештај за работењето на Клиниката за Онкологија, поставеноста на здравствениот систем во делот на јавните набавки и медицинска опрема која е набеван но не се користи.
На Комисијата за финансирање и буџет повторно се дебатираше за скандалот на Онкологија. За пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО ДПМНЕ, покрај тоа што не фунционира КАТО системот симптоматично е зошто истрагата обвинителството ја отворила по новинарски натписи а не по извештајот на Државниот ревизор.
Таа праша зошто не функционира националниот систем со кој требаше да управува Министерството за здравство, а преку кој се контролира целиот пат на третирање и дијагностика на пациентите.
Ризикот од монопол при набавка на терапија е нешто што треба веднаш да се адресира нагласи државниот ревизор Ацевски и соопшти дека се доставени дополнителни заклучоци до Собранието кои се однесуваат на овој проблем и на проблемот со набавена опрема која не е во функција.
За пратеникот Минов, неговите колеги од опозицијата се обидуваат расправата да ја насоичат кон вина на актиуалената владеачка гарнитура со квалификации. Тој е дециден дека одговорност ќе има.
Според пратеникот Љупчо Пренџов пак пратениците од владеачкото мнозинство се обидуваат да ја спречат дебатата во Комисијата околу ревизорското извештај.