Опозицијата обвинува власта за законот за коцкање како бизнис интерес на ДУИ

Со обвинувања дека се работи за закон за бизнис интереси на Артан груби и ДУИ, кој нема да ги заштити децата, туку напротив ќе го внесе коцкањето во нивните домови, собраниската Комисија за европски прашања го усвои предлог Законот за изменување и дополнување на игрите на среќа.

Опозицијата обвинуваше дека се злоупотребува европското знаменце за носењето на законот, и дека тој се носи за парите од коцкањето да завршат кај фирми блиски до ДУИ. Власта се бранеше дека законот се носи за заштита на децата и ставање ред во коцкањето.

Ако ВМРО-ДПМНЕ има такво искуство со провизиите, ние такво искуство немаме, одговори пратеникот Арбер Адеми од ДУИ.

Според предлогот, се забранува да има автомат клуб, спортска обложувалница или друг објект за организирање игри на среќа на 500 метри од училиштата. Исто така се отвора можноста за организирање игри на среќа преку интернет.

Државната видео лотарија веќе објави јавен повик за три странски фирми кои во соработка со државната лотарија ќе организираат игри на среќа на интернет.

Кога има сиромаштија, се зголемува и коцкањето, а власта сега го олеснува, обвини пратеникот Фадиљ Зендели од Беса.

Здружението на вработени во игри на среќа реагира дека носењето на овој закон ќе ги остави без работа, а игри на среќа на интернет ќе организираат странски фирми со по неколкумина вработени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*