Пендаровски апелира: ЕУ треба да ја убрза интеграцијата на Западен Балкан

Европската унија мора да покаже поголема грижа за регионот. На декемврискиот самит, Европскиот совет има можност да донесе одлуки за побрза интеграција на земјите од Западен Балкан, да не се одлага прашањето по европските избори – побара претседателот Пендаровски на конференција „Интеграција на земјите од западен Балкан во ЕУ-предизвици и перспективи“.

Тој посочи дека европските челниците кои заговараат прво реформи, а потоа проширување, само го хранат евроскептицизмот.

Во случајот со Македонија се направени сите можни преседани, а разоткриена е и непринципиелноста од страна на ЕУ во однос на почитувањето на основните вредности на кои се темели унијата, рече поранешниот шеф на државата Црвенковски.

Тој предлага, сите земји од Западен Балкан да ги завршат обврските дома, и да побараат пристап до заедничкиот европски пазар и до структурните фондови. Тоа значи постепена интеграција пред полноправното членство, вели Црвенковски.

Лоша вест за Западен Балкан ќе биде ако ЕУ одлучи да ги прими Украина и Молдавија, наместо земјите од овој регион, нагласи поранешниот хрватски претседател Месиќ.

Според поранешниот премиер на Словачка, Микулаш, доколку бидат исполнети критериумите на земјите од овој регион, тие ќе станат дел од европското семејство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*